Акција на ОЈОГОКК и МВР
Голема акција на Обвнителството за гонење на организиран криминал и корупција и полицијата за сузбивање нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи во Скопје, Тетово и Гевгелија. Засега нема многу официјални детали, освен дека истражните органи од раните утрински часови вршат претреси на повеќе локации.
Неофицијално, приведени се шестмина, а се трага по неколку лица. Според информации на Сител, дел од лицата се вработени во Царинската Управа. Претрес е извршен во објект на правен субјект во Скопје и Тетово. Истражителите, според наши информации, пронашле магацин со различни медицински лекови и машина за екстракција на масло.
Под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО за ГОКК, Министерството за внатрешни работи – Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал рано утрово започна полициска акција насочена кон сузбивање криминална група осомничена за криумчарење стоки и кривични дела од коруптивна природа.
Во тек се претреси и други истражни дејствија на повеќе локации, велат од Обвинителството за гонење на организиран криминал, од кадешто најавуваат повеќе детали откако ќе завршат претресите на терен.
Ова е трета голема акција годинава против нелегална трговија со лекови. Во април годинава МВР кривична пријава против 19 луѓе, меѓу кои и вработени во Јавни здравствени установи и шест правни лица за увоз на фалсификуван ботокс. Еден месец подоцна, опфатени беа уште три лица исто така за за криумчарење на штетнии медицински помагала.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
