Македонија
21. September 2026 - 16:35

Деветти смртен случај од западнонилска треска во Македонија, на Инфективна почина 66 годишен кумановец

После речиси еден месец на интензивна на Инфективна, викендот 66 годишен кумановец ја загубил битката со компликациите од западнонилска треска. Како што информираше директорот на клиниката пациентот уште при приемот имал потешка невроинвазивна форма на болеста.

-Пациентот беше еден од двајцата што беа потешко болни, со потешка клиничка слика и беше на механичка вентилација во респираторниот центар, изјави д-р Фадил Цана, директор на Клиниката за инфективни болести

Во моментот на инфективна се хоспитализирани 11 пациенти со потврдена западно – нилска треска, едно лице се уште е во тешка состојба и на апарати за дишење.

-Последниот прием на инфективна е од 19 септемвки, односно од викендот, рече д-р Цана.

Вирусот западен нил кој го пренесуваат комарци и птици ова лето е потврден кај 70 лица, 50 се водат како оздравени, а 9 починаа.