Преглед на вестите од светот
Покраинските избори во Берлин и Мекленбург- Западна Померанија донесоа сериозн удар за гмернаскиот канцелар Фридрих Мерц. ЦДУ го изгуби првото место и досегашното мнозинство во Берлин. Партијата Левица ја однесе победата во германската престолнина а ЦДУ заврши втора.
Особено тежок е поразот на конзервативците на Мерц во Мекленбург- Западна Померанија, каде не освоија ниту 5 процденти од гласовите, неопходни за влез во регионалниот парламент. Иако Мерц изборните исходи ги оцени акако каострофа за ЦДУ, тој порача дека нема намера да се повлече од позицијата шеф на созјунаата влада, ниту до лидерскатаа фунцкијата на Хрситијанско демокртатската унија.
Наместо тоа најави дека ќе продолжи со плановите на коалициската влада за спроведување на пакет економски, даночни и социјлани реформи.
Најмногу гласови во Мекленбург- Западна Померанија освои крајно десничарскаат партија Алтернатива за Германија, но малку е веројатно дека ќе ја преземе власта, бидејќи другите партии одбивааат да соработуваат со неа. Поради тоа социјадемократите имаат гоеми шански за да ја задржат власта во покраината формриајки коалација со Левицата и Зелените.
Алтернатива за Германија победи и на покраинските избори во Саксонија Анхал одржани пред две недели. Изборите во Берлин и Мекленбург- Западна Померанија беа последните покраинските избори во Германија за оваа година.
Владејачкаат партија, Единствена Русија оствари убедлива победа на парламентарните избори во Русија. Откако беа преброени повеќе од 95% од гласовите, претседателката на Централната изборна комисија, изјави дека „Единствена Русија“ освоила 57,83% од гласовите, што претставува пораст во однос на 49,8-те проценти освоени во 2021 година, кога последен пат се одржаа избори за 450 Државната дума, која се состои од 450 пратенички места.
Единствена Русија доминрира во државната дума повеќе од две децении и служи како главна политичка потрпора на претседателот Путин.
-„Единствена Русија“ ќе има 355 пратенички места; „Комунистичката партија на Руската Федерација“ – 40; „Либерално-демократската партија на Русија“ – 25; а партијата „Нови луѓе“ – 20. Партијата „Праведна Русија“ моментално има четири места, бидејќи се наоѓа токму на прагот. Сепак, сакам да повторам дека, судејќи според прелиминарните податоци, постои голема веројатност таа да го помине прагот од 5 %, изјави Ела Памфилова, претседателка на ЦИК на Русија.
Сите 10 партии што учестуваа на изборите се лојални на Кремљ и ги поддржуваат воените дејствија во Укриана. Опозициските сили кои се залагаат за мир не добија дозвола да учестуваат на изборите. Право на глас имаа околу 113 милиони луѓе, вклучително и повеќе од 1,8 милиони регистрирани во странство.
Излесносто надмина 59 проценти што е повисоко ниво во споредба со 2021 година, 51,7 проценти. Шефот на руската држава Путин ги претстави овие избори како директен доказ за национално единство и поддршка на војната во Украина.
Гласањето се одвиваше и во областите на Украина под руска контрола, потег што беше отфрлен од Киев и осуден од некои западни влади.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
