ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница

Ноќеска на полноќ заврши рокот за поднесување кандидатски листи за предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Според ДИК, поднесени се вкупно шест кандидатски листи, од кои четири од коалиции и две од групи избирачи.
-За предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, поднесени се вкупно 6 листи на кандидати, од кои четири листи се поднесени од коалиција а две листи од група избирачи: Кандидатот Јовица Радески е кандидат за градоначалник на Коалиција за Предвремени избори за градоначалник на општина Брвеница 2026 година предводена од СДСМ„- СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА-СДСМ, Нова Социјалдемократска партија- НСДП, Странка на демократска акција на Македонија и Партија за демократски просперитет на Ромите-ПДПР, Десница; Јакуп Усеини - кандидат на КОАЛИЦИЈА ВРЕДИ/ВЛЕН; Стојанчо Радически - кандидат на КОАЛИЦИЈА „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА"; Аркин Јахији - кандидат на НАЦИОНАЛНА АЛИЈАНСА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА - НАИ; Арифе Идризи - кандидатка на ГРУПА ИЗБИРАЧИ - АРИФЕ ИДРИЗИ и Душан Богдановски кандидат на Група избирачи ДУШАН БОГДАНОВСКИ - посочуваат од ДИК.
Изборите за градоначалник на Брвеница, собранискиот претседател Африм Гаши ги распиша за 18 октомври, а ќе се одржат откако на 23 јуни 2026 година на 58-годишна возраст почина градоначалникот на оваа општина, Ивица Илиевски.
MИА
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
