Бизнис
13. September 2026 - 16:38

Владата го намалува ДДВ-то кај дизелот од 18 на 10%

Владата го намалува ДДВ за дизелот од 18 на 10%. За да се спречи енормно поскапување на горивата од вторник, на вонредна седница покрај намалена акциза, се интервенира и во делот на данокот.

Зголеменитите тензии на  Блискиот Исток неделава ја вивнаа цената на нафтата на светските берзи. Брент се продаваше за над 10% поскапо и последниот ден од тргувањето заврши на речиси 105 долари за барел. Со ваквиот скок , на утрешната седница на Регулаторната Комисија, неминовно ќе беше зголемување на цената. Но, премиерот Мицксоки, сега очекува поевтинување кај дизелот.

„Со тоа очекуваме да има намалување на цената на дизел-горивото. Тоа ќе има импликации врз Буџетот, но наш интерес е да го штитиме стандардот на граѓаните. Не е лесно, ќе се бориме. Македонија има убедливо најниски цени на горивата во споредба со земјите од регионот. Иако износот од 95 до 100 денари за литар дизел реално не е мал, сепак е понизок од оној во потесното и поширокото соседство каде што истиот енергенс се плаќа од 150 до 180 денари“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Од опозициската СДСМ со обвинување -  мерките се задоцнети, штетата веќе е направена, цените го достигнаа плафонот. Ваквата мерка ја оценија како половична, која нема да го подобри стандардот.

- СДСМ уште на почетокот на кризата бараше конкретни мерки: ДДВ на горивата да падне на 5 проценти, акцизата да се укине веднаш, ДДВ на основната храна да се симне на нула. Не за камера. За да остане леб на масата. Мицкоски признава и сам: цената „во суштина не е ниска“. Само била поевтина од соседството, реагираат преку соопштение од СДСМ 

Од ВМРО ДПМНЕ пак велат – кога СДСМ нема што да понуди, им сметаат дури и конкретните мерки за заштита на стандардот на граѓаните.

- Во однос на горивата мерки веќе има, намелени акцизи, и ќе се донесат и нови мерки со што наместо зголемување ќе има намалување на цената на горивото.

Од почетокот на оваа недела, со одлука од Регулатрната, граѓаните плаќаат поскап дизел за 6 денари по литар и бензин за 3. Овие цени се со намалена акциза од 2 денари кај бензините и 4 денари кај дизелот. Литар нафта се точи за 101 денар.