Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош

Веќе еден месец нема никаква трага од Љупчо Стојановски, а неговото семејство преку социјалните мрежи повторно упати апел до граѓаните за каква било информација што би можела да помогне во неговото пронаоѓање.
Член на семејството наведува дека изминатиот месец самите собирале информации и се обидувале да утврдат каде и како се движел Љупчо во последните денови пред исчезнувањето.
„Еден цел месец нашето семејство живее во неизвесност, страв и надеж. Сами бараме, сами собираме информации, сами се обидуваме да составиме каде и како се движел во последните денови“, се наведува во апелот.
Семејството јавно бара и одговори од надлежните институции за тоа што досега е преземено во потрагата. Тие тврдат дека досега не добиле конкретни информации за преземените активности и посочуваат дека Стојановски не е објавен на официјалната страница на МВР меѓу исчезнатите лица.

„Скопје е покриено со огромен број камери. Постои и системот ‘Safe City’. Последните негови движења не се целосно непознати – имаме информации каде бил виден и во кој правец се движел“, пишува член на семејството.
Оттаму апелираат сите граѓани од Скопје и околината внимателно да погледнат и, доколку го забележале Љупчо или располагаат со каква било информација за него, веднаш да ја известат полицијата или семејството.
Информации може да се пријават на 112 или 192, како и преку Viber на бројот +43 660 482 5979.
„Љупчо не е само број на пријава. Љупчо е нечиј брат, вујко, татко, сопруг и човек кој има семејство кое секој ден чека да се врати дома“, порача семејството.
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
