Македонија
10. September 2026 - 13:21

Срамно ВИДЕО: Со комбе донесе вреќи и кутии со ѓубре и ги фрли директно во Радика

На социјалните мрежи се појави срамно видео на кое се гледа како лице фрла отпад во реката Радика, предизвикувајќи реакции и осуда кај граѓаните.

Од Спортското риболовно друштво „Трофта“, кое ја објави снимката, порачаа дека ваквото однесување е срамно и претставува непочитување кон природата.

„Радика не е место за ѓубре! Да го заштитиме она што природата ни го подарила“, порачаа од друштвото.

Радика важи за една од најчистите и најубавите реки во Македонија.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Сител ТВ (@sitel.tv)