Преглед на вестите од светот
Ратко Младиќ поплдневно е погребан со воени почести на гробиштата Топчидер во Белград, покрај гробот на неговата керќа Ана Младиќ. Илајдници граѓани од Србија и од република Српска, како и дел од српски држаавни претсавници присуствуваа на погребот на поранешниот генерал на војскаат на Република Српска и осуденик за воени злосторства.
Претседателот Вуќик не присустуваше на погребот, но го испрати својот син Данило. Литургијата и опелото ги отслужи српскиот патријах Порфириј.
Српските безбедносни и воени служби беа ангажирани за обезбедување на настанот.
Ратко Младиќ почина минатиот месец на 84 годишина возраст во притворската единица на ОН во Шевенинген, додека отслужуваше доживотна казна затвор. Младиќ, како еден од главните одговорни за воените злосторства и геноцидот во Сребреница за време на војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година, во 2017 година беше осуден пред Хашкиот Трибунал на доживотен затворр. Тој до до крајот на својот живот не изрази жалење за жртвите, ниту презеде одоговорност за злосторствата. За време на судењето тврдеше дека е невин, обвиненијата ги нарекуваше одвратни а трибуналот сатански.
Трамп најави дека во текот на денот планира оддлени телефонски разговори со Путин и Зеленски, со цел завршување на војната во Украина. Специјалните пратеници на Трамп, Стив Виктоф и Џаред Кушнер во саботата беа во Москва на средба со рускиот претседател , а вчера во Киев разговораа со украинскиот претседател со цел да ги оживеат закочените мировните преговори. ДЕталите од разговорите остануваат енигма за јавноста.
- Претседателот нè замоли мене и Џаред да дојдеме тука и да ги рестартираме разговорите, преговорите, бидејќи ова му е толку важно. И по негов налог, по налог на потпретседателот и државниот секретар, Марко Рубио, дојдовме тука и мислам дека навистина се чувствуваме добро за она што се случи во разговорите во Москва, а сега и во разговорите тука ( Киев), изјави Стиф Витков, специјален пратеник на САД.
Во израелски воздушни напади извршени во текот на ноќта врз јужнолибанскиот град Кфар Руман загинаа најмалку 11 лица, меѓу кои две деца и двајца медицински работници, а уште петмина се повредени. Според либанските медиуми, израелските воени авиони погодиле станбена зграда и цивилно взило. Нападите биле изведени без претходно предупредување за евакуација од страна на израелската армија. Израел ги интензивираше бомбардирањата во јужен Либан во последните денови и покрај прекинот на огнот што беше договорен во јуни за запирање на борбите со Хезболах. Израелската војска досега не даде коментар за причините за нападот. Либанскиот претседател Аун побара меѓународна интервенција за запирање на нападите.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
