Македонија
7. September 2026 - 16:52

Музички спектакл за Денот на независноста: Дејвид Гета доаѓа во Скопје

Светските хитови утре ќе одекнат од Скопје – а зад пултот ќе застане едно од најголемите имиња на светската електронска сцена – Дејвид Гета.

На Денот на независноста на Македонија, метрополата ќе биде центар на музичкиот спектакл, со концерт на францускиот диџеј и продуцент кој со децении ги полни најголемите светски фестивали и арени. За целиот спектакл да мине безбедно, утре Скопје ќе биде под посебен безбедносен режим.

Полицијата најавува засилени мерки – со зголемено присуство на терен, контроли и регулирање на сообраќајот, особено во зоната каде што ќе се одржува концертот.

Се очекуваат околу 50 илјади посетители од земјава, но и од регионот. Организаторите со порака до сите посетители - купените влезници денеска мора да ги заменат со алки , да дојдат навреме, да ги следат упатствата на полицијата и да не носат со себе недозволени предмети. Влезовите на градскиот стадион ќе бидат отворени од 17 часот.

Подготовките на градскиот стадион, каде и ке се оддржи концертот привршуваат. Сцената, озвучувањето и светлосните ефекти се поставени. 

Со концертот на светски познатиот диџеј завршува одбележување на 35 годишнината од Независноста на Македонија.