Три лица осомничени за криминал од 2 милиони евра со регистрација на возила
Тројца се уапсени, а против шест физички и три правни лица е поднесена кривична пријава во истрагата за проневера на над 2 милиони евра од надоместоците што граѓаните ги плаќале при регистрација на возила.
Станува збор за станица за технички преглед и брокерско друштво за осигурување од скопско Кучевиште. Спроед информациите кои ги сподели МВР тие се сомничат дека изготвувале лажни извештаи за наплатените надоместоци при регистрирање на возила, а дел од парите наместо да ги распределат на сметките на институциите завршувале во нивното осигурително брокерско друштво и потоа се префрлале на други фирми во обид да им се покрие трагата.
Меѓу осомничените е и помошник директорка за финансии во јавното претпријатие за државни патишта. Таа е осомничена дека пропуштила да изврши надзор над станицата за технички преглед која давачките за патишта воопшто не ги уплаќала во јавното претпријатие.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
