Македонија
2. September 2026 - 21:19

Капитол Мол донираше детски парк со реквизити на 1000 метри квадратни

Капитол Мол донира нов детски парк на о.Аеродром, простор создаден за игра, дружење, рекреација, убави семејни моменти.

Новиот Капитол парк се проститра на површина од 1000 метри квадратни и претставува инвестиција во вредност од 7 милиони денари.

Паркот нуди современи и разновидни содржини за деца од 3 до 12 години како и посебен фитнес корнер за 14+ наменет за рекреција и активен начин на живот.