Македонија
2. September 2026 - 16:36

Прва седница по летната пауза на пратениците

Првата седница по летната пауза на пратениците заврши без очекуваната блокада на албанската опозиција. Процедуралните забелешки со кои ДУИ не дозволи дебата пред одморите додека не се гласа по законите за кои е потребен бадентер изостанаа. Молкот на пратеничката група на ДУИ ја отвори дилемата дали се крои стратегија кога работата на Парламентот ќе биде блокирана.

Наместо интегративците, процедурално реагираше СДСМ која обвини дека мнозинството надвор од Деловник закажува комисиски расправи и самото ја кочи работата на Парламентот.

И пратениците на Левица обвинуваат дека мнозинството го злопотребува Деловникот со не ставање на гласање на законите за кои е завршена расправата. Се сомневаат со можен договор кој преку блокада ќе иницира избори.

По обвинувањата од Левица и опозицискиот лидер Филипче за таен договор меѓу ВМРО ДПМНЕ И ДУИ за блокада во парламентот како алиби за превремени избори, премиерот Мицкоски ги отфрла велејќи дека не секое обвинување од Бихаќка заслужува одговор.

Собранието одлучи 45 закони кои значат усогласување со Законот за високи раководители да бидат донесени по скратена постапка, беше изгласана потребата за носење на дополнување на Законот за пријавување и проверка на странски инвестициите, зелено светло добија и ратификации на договори со други држави, а ја именуваше Арљинда Хасани Синани за вицегувернер на Народната банка.