Македонија
2. September 2026 - 16:36

Нов претседател на ЛКМ кон крајот на октомври

Изборот на ново раководтство и претседател на Лекарска Комора мегдан за препукувања на докторите. На денешното собрание на кое се рапишаа изборите за нови делегати, дел од членовите со обвинување дека поради истечениот мандат на претседателката на ЛКМ, лекари ќе нема да можат да ги обноват лиценците.

Калина Гривчева Старделова, пак, вели дека нејзиниот потпис и одлуките на Комората се легитимни до завршување на изборите кои се закажани за отомври. 

-Во овој период сите документи потпишани од именуваната госпоѓа се нелегитимни. Проблемот е што можат да западнат во правни проблеми доктори, здравствени установи кои што имале потреба од документи, лиценци или било што во овој период на нелегитимност, изјави -Ленче Неловска, делегат на Собрание на ЛКМ.

-Лекарската Комора мора да функционира, ние имаме јавни овластувања кои мора да ги обавуваме, службите мора да работат во континуитет дефинитивно, согласно одлука на Уставен суд се е најлегитимно како и сегде, изјави Калина Гривчева Старделова, претседател на ЛКМ.

Тоа што досега немало собрание спроед едните е поради опструкции на членовите а според другите поради немањето на кворум.

-Од 30 април досега имавме 3 обиди, ова е 4 да се соберат делегатите на Собранието. Морам да кажам дека има делегати кои бараа објаснувањее зошто тоа не е направено, но има и делегати кои молеа тоа да не биде во летен период кога се сами и дежураат п о24 часа, изјави Калина Гривчева Старделова.

-Сето тоа е една таква манипулација каде беа вршени притисоци на членови на собранието да не доаѓаат на сите претходни седници за да нема кворум. Која им била целта незнам. Денес беа сложни дека конечно мора да има избори и денес на оваа седница за прв пат се стави на дневен ред точката избори, изјави Ленче Неловска.

Гривчева Старделова е претседател на комората два мандати. Кој ќе биде нејзиниот наследник ќе се знае кон крајот на октомври.