Транспортерите на предупредувачки протест ако нема решение, ќе ги блокираат границите
Превозниците точно на пладне излегоа на протест. Пред Делагацијата на Европската Унија побараа промена на правилото со кое им се ограничува престојот во Шенген земјите на 90, односно 180 дена во годината. Велат – ние не сме туристи за да ни бројат денови, туку професионални транспортери кои доставуваат роба која нив им треба. Без нив ќе запрат и фабриките кои работат во зоните.
„Ако не сме ние, облека ќе снема, храна ќе снема, нафта ќе снема. Цела роба од фабриките на зоните, оди преку нас. Ако не сме ние, ќе застанат фабриките. Ќе нема извоз, се преку нас шоферите оди.“, вели Оливер Митиќ, превозник
Можно решение на проблемот е наместо да им бројат денови, да им се бројат часовите и минутите кога транзитираат во одредена земја
„Некогаш ми се случува да влеземе неколку часа, а ми го бројат како цел ден. 4 часа нас колега беше во затвор, како криминалец. А човек носи роба за автоиндустрија.“, вели Димитар Стојановски, превозник.
Ако не се најде решение на проблемот – најавуваат поригорозни блокади на граничните премини.
Со допис ќе ги потсетат евроспките претставници дека 7 месеци чекаат одговор од Унијата дали и како ќе им го реши проблемот. Се надеваат дека на утрешниот состанок на работните групи во Брисел, ќе има позитивен исход, велат од Здружението на превозници Макам транс
Да го чуваш возачот во кафез, односно во затвор три, четири или пет часа и за да му провериш дали има или нема надминато денови, е благо речено страшна дискриминација и повреда на човековите права
„Кога има вонредни ситуации, мора да постои политичка волја и да се донесе одредено решение како би ги надминале сите проблеми.“ истакна Билјана Муратовска, Макам-транс
Владата го разбира предизвикот со кој се соочуваат македонските тарнспортери и работи на изнаоѓање решенија, со склучување билатерални договори со земјите членки на шенген зоната. Такви договори веќе има со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во септември ќе се преговара и со Австрија, Словенија и Германија.
„Идејата е, генерално, да се покријат рутите, каде што традиционално македонските транспортери работат. Тоа ги подразбира земјите каде што има најголема фреквенција на македонски транспортери и токму со овие земји Владата и Министерството работат на билатералните договори за долгорочни визи. Потенцираме дека Македонија самостојно треба да го решава проблемот и единствен начин во овој момент е преку билетерални договори со земјите од шенген-зоната.“, се вели во соопштението од министесртвото за транспорт
Покрај во Скопје, транспортерите два часа протестираа и во Белград, Подгорица и Сараево, затоа што проблемот со кое се соочуваат ги опфаќа сите земји од Западен Балкан, кои не се членки на Унијата.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
