Македонија
31. August 2026 - 12:23

Утре стартува новата учебна година со над 400 паралелки помалку и 3000 помалку првачиња

Се е подготвено за почетокот на новата учебна година, уверува министерката за обрзование, Весна Јаневска.

Таа очекува утре поцесот да стартува без никакви проблеми.

Јаневска вели дека трета година по ред учебниците се навремено доставени до сите училиша и учениците можат да ги добијат уште утре. Сепак оваа учебна година стартува со над 400 паралелки помалку, 222 во основното и 211 во средното образование.

Запишани се близу 15.000 првачиња, што е за 300 помалку од предходната година.