Македонија
29. August 2026 - 16:28

Недостигаат хотели со поголеми капацитет

На брегот на Охридското езеро недостигаат нови современи хотели. Викенд становите креираат масовен туризам а луксузните хотели со поголем капацитет носат гости  со подлабок џеб.

Од ХОТАМ велат дека за изградба потребни се посебни закони и детални урбанистички планови за хотели од кој зависи целокупниот туризам со кој би се подигнал квалитетот а воедно би имало поголемо вложувањето во хотелската индустрија.

Хотелиерите секоја сезона се трудат да бидат иновативни и да одговорат на барањата на туристите.

Проблемот со недостигот на хотели со поголем капацитет и голем број соби во туристичките центри, особено во Охрид и Струга, е долгогодишен предизвик за македонскиот туризам кој го ограничува привлекувањето на поголеми организирани групи и тур-оператори.