Сушата ги зголеми трошоците на земјоделците во Струмичко
Екстремно високите температури и долгиот сушен период сериозно се одразуваат врз земјоделското производство. За да ги спасат посевите, земјоделците се принудени почесто да ги наводнуваат, со што значително им се зголемуваат производствените трошоци. Тие се жалат дека и покрај високиот квалитет на родот, годинава ќе претрпат значителни загуби , пред сe поради ниските откупни цени и високите давачки.
Дел од земјоделските површини во струмичко се наводнуваат со моторни пумпи од бушотини, а дел од акумулациите. Од водостопанското претпријатие ,,Струмичко поле,, велат дека вода ќе има до крајот на сезоната. Таа се испорачува согласно договорената динамика и тоа од сите шест акумулации.
Само од акумулациите во струмичкиот регион се наводнуваат околу 1.400 хектари земјоделски површини. Во моментов, најголемиот дел од водата се користи за посевите со пиперката ајварка.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
