Македонија
7. August 2026 - 9:41

Мозаичната икона „Исус Христос на престол“ од XIV век ќе биде претставена во Галеријата на икони во Охрид

По повод одбележувањето 75 години од основањето на Музејот во Охрид, денеска напладне во Галеријата на икони ќе биде претставена исклучително вредната мозаична икона „Исус Христос на престол“ од XIV век.

Мозаичната икона била откриена во 1960 година во црквата „Св. Богородица Перивлептос“ во Охрид. Таа претставува исклучително редок пример на пренослива мозаична икона од византискиот период и значајно дело од охридското културно наследство.

Настанот е дел од програмата со која се одбележува 75-годишниот јубилеј на музејската дејност во Охрид.