Ручекот во ресторани и сместувањето во Охрид се поскапо
Ручекот во рестораните и сместувањето за одмор стануваат се поскапи. Новите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека цените во угостителството продолжиле да растат и во изминатиот месец јули.
За една година, угостителските услуги се поскапи за 3,2 проценти, а од почетокот на годинава растот е 2,9 проценти. Туристичките работници велат дека има благо покачување на цените но сепак Охрид останува конкурентна и најевтина туристичка дестинација во регионот.
Добрите познавачи од областа на туризмот на став дека можеби треба да се нудат различни менија за домашните и странските гости во хотелско угостителските објекти.
Инаку, според податоците на ДЗС, само за еден месец, односно од јуни до јули 2026 храната поскапела за 0.2 %, додека пак ноќевањата за над 5 проценти. Како што информираат оттаму пак во групите алкохолни пијалаци и безалкохолни пијалаци засега не се забележани промени на цените.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
