Македонија
1. August 2026 - 16:34

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна

Нови тројца пациенти со воспаление на мозокот и омнителни на западно нилска треска, изминатото деноноќие биле хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Сите се од Скопје и се на возраст над 60 години. Дали и кај нив состојбата е поради вест најл вирусот треба да покажат лабораториските анализи.

-Кај сите тројца е потврдено дека се работи за вирусно воспаление на мозокот и мозочните обвивки. Но се уште немаме лабораториски потврди за видот, т.е. причинителот за ваквата состојба. Додека другите 10 хоспитализирани на клиниката се во иста состојба. Тројца критични има на одделот за интензивно лекување а останатите се на одделот за невроинфекции, изјави д-р Фадил Цана, директор на Клиниката за инфективни болести.

Инфектолозите веќе апелираа дерка повозрасната популација и оние со коморбидитети се најризични да ја добијат најтешката форма на инфекцијата која се јавува само кај еден процент од заразените.

Имајќи во предвид дека освен еден од Велез сите други заболени се од Скопе и тоа најмногу во Драчево, веќе имаше вонредно прскање против комарци во оваа општина.

-Оние мерки што се преземени се таргетираат таму кај што имаме најголем број од случаите, во случајот тоа беше Драчево. Секако дека и во иднина доколку се мапираат и други места, доколку би имале собирање на повеќе случаи на одредено место мерките би биле преземени и на тоа место, изјави д-р Драган Кочински, раководител на епидемиологија во ИЈЗ.

Освен 6-те случаи од Драчево, по двајца се од Аеродром и Нови Лисиче и по еден во Илинден и Сопиште.

Заразата ја пренесува инфициран комарец а симптомите се појавуваат од три до 14 дена по каснувањето.

Инаку, Светската здравствена организација и германското министерство за надворешни работи предупредуваат на зголемен број на случаи на западно нилска треска во делови од Јужна Европа.

Посебна претпазливост се препорачува на сите што ова лето одат во Италија, Грција, Шпанија, Роаманија и Македонија.