Македонија
24. July 2026 - 16:29

Мицкоски ја заокружи реконструкцијата - Зејнула избран за нов министер без ресор

Мицкоски ги заокружи промените во владиниот тим опфатени со реконструкцијата. Собранието денеска го избра Зулфикар Зејнула за министер без ресор, како дел од новата коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со Демократската партија на Турците и по преминот на пратеникот Бејџан Иљаз во владејачкото мнозинство.

За опозицијата, изборот на Зејнула е политички пазар за добивање пратеници во мнозинството и борба за фотелји.

За мнозинството, новиот министер е одраз на принципите за правична застапеност на помалите заедници, но и можност за поблиски и подобри односи со Турција.

Новиот министер без ресор, Зејнула, е дипломиран економист. Од 2021 до 2024 година бил заменик-директор на Дирекцијата за заштита и спасување, а претходно бил и советник во Општина Гостивар. Тој е и актуелен претседател на ДПТ.