„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
“Астровирус” и “шигела” кај гостиварци кои дале примероци за анализа. Овие се најчести но не и единствените вируси и бактерии изолирани кај жители од Гостивар, кои се резултат на фекално загадување или загадување од атмосферски води. Иако има повеќе анализи што е пронајдено кај болните здравствените власти велат дека не може да донесат генерален заклучок.
„Астровирус е најчест и шигела од бактериите е најдена, не во сите наоди, меѓутоа има пациенти што ги имаат сите, има некои што имаат една, значи не се идентични резултатите како што не се идентични и резултатите за чешмите – има 4 чисти и 5 прљави.“, вели Сашо Клековски, министер за здравство.
Клековски вели дека е стагнирачка состојбата со прегледи, но побара од гостиварци да нес е опуштаат.
„Морам да предупредам да не настане опуштање во спроведување на мерките, за мене надвор од инкубацискиот период бидејќи знеме кои вируси и бактерии се присутвни, е многу поважно дали граѓаните ќе ја задржат дисциплината или не.“, вели Клековски.
По еднонеделната криза и прогласената епидемија, гостиварци најмногу сакаат да слушнат кога од нивните чепми ќе потече листа вода.
„Ако биде сѐ како што треба, бидејќи се вклучија екипи од скопски „Водовод“ и експерти, јас очекувам до крајот на оваа недела да имаме технички исправна вода во Гостивар. Сега треба да се пристапи кон целосно миење на системот за да може да добиеме вода која што ќе има нормални граници на хлор и која што ќе биде добра за техничка употреба. Планот е кон крајот на идната недела таа вода да биде добра и за пиење.“, изјави Христијан Мицкоски, претседател на Влада.
Што се однесува на бројните реакции на социјалните мрежи по вчерашната изјава на министерот за здравство за слободни јавачи на епидемијата, Клековски денеска тврдеше дека не мислел на никој конкретно туку дека граѓаните треба да се информираат од официјалните канали.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
