Нема веќе алкохол и цигари во студенстките домови – законските измени во собраниска процедура
Новата академска година со нови построги правила во студентските домови. Со измените на законот за студенстки стандард, студентите нема да смеат да внесуваат алкохол и дрога во собите.
Ако уништуваат инвентар, се тепаат или предизвикаат расна или национална нетрпеливост ќе се соочат со забрана за сместување во сите домови од 1 до 5 години. Ова се дел од потешките повреди на куќниот ред предвидени со законските измени. Пушењето цигари, нехигиената, неодговорното и недолично однесување се меѓу полесните повреди. Предлог измените денеска поминаа на матичната комисија за образование, наука и спорт.На предлог законските измени пратеникот од Европскиот фронт Сали Мурати поднесе 6 амандмани кои му беа одбиени. Неговите забелешки беа од правна проблематика.Овие законски измени се носат по скратена постапка.
Освен построги правила новата академска година ќе почне и со подобри услови за студентите кои ќе престојуваат во комплетно реновираните домови Стив Наумов и Кузман Јосифовски Питу.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
