Македонија
15. July 2026 - 16:36

Полицајците не помагаа после пожарот во „Пулс“, тврдат сведоци

Имаше полициски службеници во „Пулс“ ама тие не помагаа да излеземе од дискотеката, ова го тврдеа сведоци на денешното судење за 13мина полицајци обвинети за тешки дела против општата сигурност.. Сведоците кои трагичната ноќ се уште биле малолетни во судницата рекоа дека и надвор, додека Пулс бил во пламен, полицајците не пружале помош на повредените.. На рочиштето директно се соочија сведок и обвинет полицаец кои се втори братучеди.. Девојчето тврдеше дека тој ниту вода не сакал да и даде..

Го видов Мазнум, се обидував да си го земам телефонот, а тој ми рече дека не смеам да го земам. На метар или два од мене имаше пакет со вода, јас му побарав на Мазнум да ми даде едно шише, а тој ми рече, каде да ти најдам шише вода и повеќе вечерта не го видов“, изјави сведокот во судницата..

Обвинетиот и неговиот адвокат ги негираа тврдењата на сведокот.. Полицаецот рече дека му помогнал на девојчето, ги информирал и нејзините родители, а помагал и на други повредени.. Нападот во судницата, бил резултат на фамилијарни недоразбирања..

Роднина сведок на обвинетиот Мазнум посочи некои негови забелешки во однос на постапувањето, но сметаме дека во целот беше дискредитирано од страна на одбраната. Резултатот на сведочењето е нарушените меѓусебни семејни односи“, изјави Зоран Зафировски, Адвокат на Мазнум Рамаданов.

Според двајцата сведоци, полицајци виделе и внатре во дискотеката кои стоеле покрај шанкот.. Друг полициски службеник пак бил близу вратата кога настанало стампедото, со себе носел папка и не им помагал на лицата кои биле заглавени во ходникот..

Според обвинението, полицајците требало да го спречат активирањето на пиротехниката, но и да воведат ред за непречен излез после настанување на пожарот..