Loading Video...
Македонија
15. July 2026 - 16:34

Вард од Скопје: Проширувањето останува приоритет на ЕУ

Проширувањето ќе остане значаен приоритет на Ирска за време на нивното шестмесечно претседавање на ЕУ, порача од Скопје ирскиот амбасадор Брендан Вард. Пред пратениците во македонскиот парламент ги претстави приоритетите на претседавањето, велејќи дека Македонија може да смета на поддршката на Даблин во интегративниот пат. Конкурентноста, вредностите и безбедноста се трите теми кои ќе бидат во нивниот фокус.

Македонија останува посветена на реформите, вели заменик министеркта за европски прашања Трајков. Порача дека очекувањата се таквите заложби да бидат вистински вреднувани од Брисел.

За Македонија е важно да продолжиме со забрзано темпо на интегрирање на земјите од Западен Балкан во заедничкиот европски пазар ,истакна потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски.

Oпозицијата повика интеграциите да бидат национален интерес, а не тема за партиски препукувања.

Пред 22  години кога Ирска го имаше претседавањето со Унијата Македонија ја поднесе и апликацијата за членство во ЕУ.

Ирска ќе ја води Унијата низ сложените преговори за новата повеќегодишна финансиска рамка за периодот 2028-2034 година, со цел да се обезбеди буџет кој ќе ги зајакне конкурентноста, вредностите и безбедноста на ЕУ.