Македонската наука во европската мрежа COST
Европска соработка во науката и технологијата или COST, е една од најдолгите европски рамки за поддршка на научната соработка. Преку COST акциите, истражувачи од различни земји се поврзуваат во меѓународни мрежи за размена на знаење, искуства и идеи во различни научни области.
- Во овој момент околу 70 000 научници се алиментираат низ целиот свет, годишникот буџет ни е околу 60 милиони евра, работиме во рамки на Horizon Europe програмата. Јас сум прв член на УО и прв претседател на УО надвор од ЕУ, изјави Зоран Поповски, претседател на УО на КОСТ.
Македонија во моментот е една од најпрестижните држави со околу 92 % опфат на научната популација во КОСТ акции. Главната цел на COST е да ги поврзе научниците, особено младите истражувачи и да помогне во создавање заеднички европски истражувачки капацитети.
- Кога би бил „во кондури“ на млад научник, прво би отворил веб страна на КОСТ, би ставил неколку клучни зборови, би нашол неколку луѓе кои работат во мојата област, подобри од мене се разбира и така би си ја почнал кариерата и тоа за среќа во Македонија многу млади научници веќе го прават, додаде Поповски
На земјоделскиот факултет при УГД се одржа работилница од европската COST акција „Flavour.some“, која ја истражува улогата на вкусот и аромите во храната и пијалаците, вклучително и кај производи со богата традиција како виното.
- Македонските вина веќе се докажани, можеме да се пофалиме дека се со добар квалитет, но на оваа работилница дополнително ќе бидат презентирани резултати. Во склоп на оваа акција направивме истражувања во Холандија и сега тие резултати експерт од Холандија ќе ги презентира, а потоа ќе ги надополниме со резултати од сензорна анализа, изјави Виолета Иванова Петропулос, Земјоделски факултет – УГД-Штип
Во акцијата учествуваат експерти од областа на прехранбената технологија, нутриционизмот, земјоделските науки, биологијата и други поврзани области.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
