ДНК на судијата Ристов пронајдена на фолијата со 350 илајди евра
На Алуминиумската фолија во која беа пронајдени 350 илајди евра, има ДНК на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, потврди денеска во судницата форензичар на МВР.. Одбраната но и самиот обвинет Ристов се обиде да го оспори резултот со тврдење дека имало грешки во земањето на трагите и можната котаминација со други днк профили, но според форензичарите, резултатот од анализата бил јасен – имало целосно поклопување на примерокот и пронајдените траги..
На денешното судење обвинителството прзентираше и пораки од телефони одземени од затвореници, а во една од пораките има прашање дали неговиот предмет е кај Ѓок? Во пораките се споменуваат и суми од 150 илјади евра, како и гаранции понудени до судот за укинување на притвор.. Се емитуваа и снимки направени со посебни истражни мерки на кои се гледа како судијата се среќава со роднини на лицата кои ги разменувале пораките.. Во друг аудио разговор пак се споменуваат и Љупчо Пецов Ѓаволот како и адвокатот Фехми Стафа преку кои всушност беше откриен апелацискиот судија..
Судијата Ристов е обвинет за незаконско стекнување имот и перење пари откако во домот на неговите родители беа откриени соѕидани 350 илајди евра..
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
