Македонија
14. July 2026 - 16:32

Партиите без компромис, Изборниот законик останува заглавен

На последнито ден до истекот на рокот за исполнување на реформската агенда молк од Собранието за донесување на Изборниот законик. Политичките партии се подалеку од можен компромис. Не е закажана ниту нова средба на пратеничките групи, откако опозициските партии не договорија заеднички позиции за кои власта е подготвена да ги прифати, во замена за гласањето на дијаспората.  

Опозициската СДСМ не попушта од ставот дека треба да бидат донесени само препораките на обсе одихр . Лидерот Филипче вели дека нема да дозволат да се воведе механизам сокој ќе се изманипулираат изборите но не и условот на власта за гласањето на дијаспората.

Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува, се докажа дека немаат намера да се договорат за нов Изборен законик, обвинува владејачката ВМРО ДПМНЕ.

Не попушта ниту  Левица. Средба нема да има по вина на СДСМ велат од пратеничката група. За нив е важно да се испочитуваат препораките, па дури тоа да биде и за два месеца одсега....

Левица не се откажува од процесот. За жал нема најави за средби заради непринципиелно одбивање на СДСМ, поради што доаѓа до  блокада и на барањето за една изборна единица. Ова не треба да биде процес на некакви рокови. Ке иницираме нови средби за решение за изборниот законик во иднина независно во која форма и да бидат.

Евроамбасадорот Михалис Рокас се надева оти денеска ќе се постигне консензус меѓу политичките партии за измените на Изборниот законик што е обврска од Реформската агенда.

Изборниот законик е блокиран со над 13 илјади амандмани од СДСМ и Левица, па расправата по нив е неизвесна...Доколку денеска не се дојде до консензус, државата ризикува да изгуби милионска финансиска поддршка од фондовите на Европската Унија.