Нова средба во Собранието за Изборниот законик

Во Собранието денеска се очекува повторно да се одржи средба на координаторите и претставниците на пратеничките групи за измените на Изборниот законик.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги очекува ставовите од СДСМ и ДУИ во врска со нивниот предлог за поштенско гласање на дијаспората, а целата постапка да се уреди со подзаконски акт на седница на Државната изборна комисија (ДИК) најдоцна до 30 септември 2028 година. Подготвени се, како што наведуваат оттаму, да прифатат и една изборна единица.
Левица во меѓувреме побарала државното финансирање за изборно рекламирање за партии со пратенички групи да биде 10 отсто и одлучувањето во ДИК да биде консензуално, што за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо.
Во измените и дополнувањата на Изборниот законик што се во собраниска процедура и за коишто сега се поднесени околу 13.500 амандмани од СДСМ и Левица, најспорен беше предлогот за електронско гласање на дијаспората. СДСМ веднаш го одби овој предлог, а од партијата нагласуваат дека не се против гласањето на дијаспората, додавајќи дека таа и сега има можност да гласа, но дека се против начин на гласање кој не обезбедува сигурност, транспарентност и заштита на изборната волја.
За Левица предлогот за електронско гласање на дијаспората беше прифатлив за сметка на зголемување на процентот за платено политичко рекламирање за избори.
Учесниците во работната група за Изборниот законик за буџетското финансирање на партиите за избори го прифатиле предлогот на ДУИ и Левица соодносот на бројот на пратеници да биде објективен критериум за користење на 97% од овие средства, а 3% да бидат на располагање на партиите кои немаат пратеници во Собранието. Согласно тоа 42 % би оделе за двете најголеми партии од власта, 42 % за двете најголеми партии од опозицијата, 8 % за партии со пратенички групи, 5 % за партии без пратенички групи и 3 % за вонпарламентарни партии и групи избирачи.
Доколку во Парламентот биде постигната согласност за Изборниот законик, тогаш СДСМ и Левица ќе ги повлечат амандманите и процесот ќе се одблокиран. Измените и дополнувањата на Изборниот законик е последната од десетте точки во грејс периодот за нашата земја во контекст на реформските процеси.
МИА
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Црник
-

Шпанската полиција заплени 1,5 тони кокаин, меѓу уапсените е и еден хрватски државјанин
-

Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е најдобриот начин да се реши војната
-

Ангелов: Попладнево активни повеќе од 15 пожари, два од нив загрозуваат и населени места
-

Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови
-

Арагчи: Новите американски санкции се знак на очај и нема да го скршат Иран
-

Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија
-

Путин: Глорификацијата на нацизмот и неонацистичката идеологија е во темелите на модерната украинска државност
