Македонија
3. July 2026 - 16:32

Ребалансот е насочен кон инвестиции и развој, смета власта, додека опозицијата со спротивен став

Со прекројување на државаната каса ќе се обезбедат повеќе пари за субвенции во земејоделството, за студентите, за ранливите граѓани, за општинските прокети, за капитални   инвестиции кои ќе донесат развој. Потребата од ребаланс е да се усогласат буџетските проекции со новите еконосми услови, а не затоа што нема пари , вели минисѕтерката за финансии Кочоска.

Расходите ќе растат и се прокетирани  на 6,9  милијарди евра, додека приходите минимално се пониско прокетирани  поради намалените акцизи и повасатенотпо ДДВ за горивата изминатиот период. Буцетскиуот дефицит се згоелмува за 750 милиони евра и ќе достигне 4,1% од БДП.  Ќе се фиансира со задолжување дома и во странство.

Ребалансот е признание дека оваа влада лошо ја води економијата, смета и лидерот на СДСМ Филипче. Наместо подобар животен стандар, граѓаните ќе одобијат т повисоки трошоци за живот.

- Инфлацијата од 2,5 сега е проектирана на 4,5% од БДП.

Ова не е ребаланс  на рзвој, туку на погрешно планирање, сметаат од опозициската СДСМ. Најголем дел од парите се за тековна потрошувачка, а многу малку за инвестиции и развој. Прашуваат колкав дел од дефицитеот ќе оди за капитални проекти, а колку за плати и субвенции.

Во ребалансот на буџетот растот на економаијата е проектран на 3,5%, инфлацијата 4,5 и 58,9%  од БДП јавениот долг. Расправат, согалсно законот, ќе трае 10 дена, по што ќе с најде на пленарна седница. Опозицијата поднесе 226 амандмани, од кој наголем дел се од ДУИ и СДСМ.