Македонија
3. July 2026 - 12:54

Охрид привлечна дестинација за туристите

Охрид останува привлечна дестинација за туристите од сите краеви ширум светот.Најбројни се гостите од Германија ,Франција,Полска ,Турција и Србија но не изостанувата ни домашните и тоа претежно оние кои што си имаат свои викенд станови. Со поволни аранжмани,  конкурентни цени сето тоа комбинирано со природни убавини и културно наследство во споредба со многу европски дестинации, го прави достапен за поширок круг посетители.

Угостителите велат дека за бројните посетители нудат разновидни понуди за сечиј вкус.

Туристичките работници се оптимисти со оглед најавите за исполнети капацитети како во хотелите долж езерто така и во приватното сместување на очекува успешна летна сезона.