Македонија
2. July 2026 - 21:04

Мицкоски: Да најдеме начин како да го зголемиме гласањето на дијаспората

Власта е подготвена да разговара за сите модели со кои би се зголемила излезеноста на гласачите на дијаспората. Премиерот Мицкоски со отворен повик до опозициските партии да се најде начин за да се олесни правото на гласање на Македонците во странство, откако пропаднаа обидите за измените на изборниот законик поради блокада од опозициските партии.

Во тема на денот меѓудругото, премиерот посочи дека нема амбиција да се кандидира за да се кандидара за претседател на државата, но како претседател на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека ќе предводи уште една голема победа над СДС на следните парламентарни избори.

Според премиерот само за две години просечната плата е зголемена за 8.000 денари, пензиите на пензионерите за 7.000 денари, растот на БДП од 1,8 проценти сега е 3,5 проценти, а во моментот се градат и шест автопатски делници.