Македонија
2. July 2026 - 16:34

„Еуроњуз“: ЕУ пренасочува повеќе пари кон Македонија, Црна Гора и Албанија за завршените реформи

ЕУ подготвува нова финансиска поддршка од рефомскиот фонд за Македонија, Црна Гора и Албанија, пишува Еуроњуз повикувајќи се на извори од ЕК.

Трите земји се сметаат за лидери во спроведувањето на домашите реформи, додека Босна и Херцеговина, Косово и Србија, генерално се сметаат за земји што заостануваат, па нивните неискористени пари ќе бидат прераспеределени.  

Средствата што не ги користат Босна и Херцеговина, Србија и Косово, затоа што не ги исполнуваат обврските од т.н. Реформска агенда, се очекува да бидат пренасочени кон земјите со најголем напредок во реформите. „Тоа се Црна Гора и Албанија, т.н. предводници (’фронтранери’), како и Северна Македонија, која исто така има добри резултати во спроведувањето реформи“, пишува „Еуроњуз“

Од инстументот за раст на Западен Балкан, вреден 6 милијарди евра, Унијата досега има исплатено нешто над 670 милиони евра кон шесте земји кандидати. Финансиската помош е сепка условена со спореведувањето реформи, а крајниот рок кој го постави Унијата истече во вторникот, односно на 30 јуни.

Планот за прераспределба на парите од земјите кои заостануваат кон водечките кандидати според Еуроњуз, Европската Комисија ќе им го претстави на земјите членки до крајот на јули, по што ќе се знае и која држава колку пари ќе добие

Македонија во мај доби одобрение за нови 65,7 милиони евра. Од нив, 30,6 милиони евра се наменети за државниот буџет, додека преостанатите треба да се користи за инфраструктурни и развојни проекти. Со последната исплата Македонија досега има добиено142 милиони евра од Унијата.

За да го фати крајниот рок за спроведување на реформската агенда, Собранието изминатите денови донесе повеќе закони, како законите за судска и јавнообвинителска служба, за високи раководни службеници, законите за користење на обновливи извори на енергија, за зоотехника и за оружје. Измените на Изборниот законик, како дел од реформската агенда остануваат заглавени во собранската процедура.