Македонија
2. July 2026 - 12:34

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари

Вмро дпмне пак обвинува дека СДСМ и Левица здружено и намерно ги блокираат измените на Изборниот законик со над 10 илјади амандмани.

Партијата и денеска со отворен предлог до опозицијата – ако се дозволи електронско гласање на дијаспората, власта ќе го прифати секој амандман поднесен од двете партии.