Поплавени улици по силното невреме во Скопје - Комуналните екипи на терен
Поплавени улици, куќи, подрумски простории. Сообраќаен хаос во глвниот град предизвика невремето во попладнеевните часови. Од Центаро за управување со крзии информираат дека поплавени се два подвозника , каде иам загалвени коли, кружниот тек во општина Бител и Кисела вода, три кружни текови, кај Ист гејт, , кај Мото центар и Цементара, и Железара,. Поплавена еи улицата Јордан Мијалков. Од ЦУК информираат дека во Кисела вода, Автокомандат и Чаир поплавени се дел од куќите, подрумите и гаражите, и иамло пријава и за поплавен магацизн во Чаир и приватна фирма во Кисела вода. Граѓаните се револитирани – не можат да стигнат до саканата локација и по неколку часа
Дел од граѓаните и фирмите само ги чистат шахтите, за да стане прооден сообраќајот.
Од град Скопје информираа дека кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија се на терен и цела ноќ ќе бидат на располагање каде што има потреба.
Според информации на УХРМ утре и во петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
