Не смееме да дозволиме да стане предоцна за Македонија – порака од трибината „Разговори за иднината во 12:05“
Поранешни функционери на СДСМ, но и актуелни пратеници и градоначалници, универзитетски професори, адвокати и граѓански активисти беа дел од трибината „Разговори за иднината во 12:05“.
Трибината која зад затворени врати се одржа во скопски хотел ја модерираше поранешниот висок функционер на СДСМ Игор Ивановски, но поканата за присуство ја прифатија и пратеничките Славјанка Петровска и Моника Зајкова, градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митевски, но и поранешните високи функционери на СДСМ Андреј Петров, Гордан Георгиев, Емилијан Станковиќ.
Времето на часовникот е симболична порака дека веќе е доцна, ноне смееме да дозволиме да стане предоцна за Македонија, е пораката која ја испратија преку писмено сооптение
Затворениот карактер на трибината како што информираат била со цел учесниците да можат слободно да ги изнесат своите ставови, без нивните изјави да бидат јавно пренесени, а тие да не бидат искористени за дневно политички цели, за трибината да донесе искрена анализа на состојбите во државата и отворање простор за нови идеи.
Сепак, органзаторите демантираат дека трибината е вовед во формирање на нова полиитчка партија која ќе и конкурира на СДСМ
Сите истражувања на јавното мнение укажуваат дека македонската политичка сцена нуди, на едната страна силна владејачка партија и коалиција, а на другата страна смислено фрагментирана опозиција. Опозицискиот простор не се пополнува со нови партии туку со идеолошка и вредносна (р)еволуција. На Македонија и е потребен Нов општествен договор како основа за создавање широк опозициски потенцијал за промени, стои во заклучоците
Организаторите најавуваат дека ова е прва, но не и последна трибина.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
