И странските државјани ќе бидат санкционирани за прекршоците во сообраќајот
И прекршоците направени со возила со странски регистарски ознаки ќе бидат санкционирани. Министерот за внатрешни, Тошковски уверува дека државата ќе најде начин како лично да им ги достави казните на странските државјани, но и на возачите кои управуваат возила со странски ознаки.
Сепак, неговиот српски колега, Ивица Дачиќ му укажа на можните проблеми со кои институциите би можеле да се соочат.
И странските државјани ќе добиваат казни преку СМС или преку апликација која МВР ја најавува за оваа намена. Сепак, прашан како МВР ќе дојде до телефонските броеви и е-мајл адреси, Тошковски без конкретен одговор.
Тошковски и Дачиќ заедно на ГП Табановце ги потсетија возачите дека моторните возила треба да ги употребуваат одморени, да прават пауза од 15-тина минути на секои два часа возење со цел намалување на сообраќајните незгоди на патиштата, особено сега, кога Македонија е главна транзит држава за српските туристи.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
