Македонија
1. July 2026 - 16:45

Воениот врв на НАТО, од Скопје најави оптимизација на мисијата на КФОР

НАТО го менува воениот формат на Косово. По детални разузнавачки проценки Алијансата донела одлука за постепена оптимизација и намалување на трупите на КФОР во текот на следната година. Клучната регионална вест од Скопје ја соопшти првиот човек на оперативната команда на НАТО за Европа. Тој порача дека ваквиот чекор е резултат на долгогодишната успешна работи на мисијата во која македонската армија дала исклучетелен придонес. 

Во овие регионални безбедносни калкулации Македонија останува клучна географска и воена раскрница. Како земја која веќе одвојува приближно 4 отсто од БДП за одбрана во 2025година, државата доби пофалба за сериозните инвестиции во армискиот арсенал. Македонските војници добија јасна наредба од НАТО генералот постојано да ги следат модерните начини на војување. 

Повеќе од 80 проценти од нашите сили се во мисиите во Косово и БиХ како и на источното крило и се под директна команда на генералот Гринкевич. За нас високите НАТО оценки за пешадијата и специјалците се доказ дека армијата стои рамо до рамо со партнерите во алијансата.