Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
Пропаднаа двата обида на пратеничките група да се закаже комисија за изборниот законик. На интензивни координации зад затворени врати пратениците не постигнаа договор за да се спречи најавената блокада од СДСМ и Левица.
Извори за Сител од мнозинството велат дека разликите остануваат, за дел од точките постои приближување на ставовите но тоа не значи и конкретен договор. Утре во нови обиде ќе пробаат да ги доближат ставовите.
Според брифинзи од опозициската СДСМ, договор нема , ниту пак тие се откажуваат од намерата да поднесат 10 илјади амандмани за да го блокираат изборниот законик, ниту пак ја прифаќаат понудата на премиерот - да предложат амандмани со кои ќе бараат корекција на начинот на заокружување и поднесување приговори и истите веднаш ќе бидат прифатени.
Според истите извори, прашањето за гласање на дијаспората останува најголем камен на сопнување, затоа консултациите продолжуваат.
Од Левица велат има придвижувања, но детали нема во кој дел се доближиле ставовите. Пратеничката група велат дека во работната група е завршена голема работа, но утре или најдоцна до четврток ќе се знае судбината на изборниот законик.
Владејачката ВМРО ДПМНЕ ја повтори понудата на Мицкоски – ги повикуваат СДСМ и Левица да поднесат амандмани и консензуално да се изгласа Изборниот законик.
Интегративците велат дека нивниот став е конзистентен дека изборниот законик мора да се носи со етнички и политички консензус.
Од Вреди очекуваат опозицијата да покаже разум.
Собранието со 59 гласа „за“ ја изгласа потребата да се донесе законот по скратена постапка.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
