Мицкоски: Зад провокациите станува збор за организирана бугарска пропаганда во нашата држава

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју по повод две години од мандатот на владата, истакна дека позади провокациите кои се случија изминатиот период станува збор за организирана бугарска кампања во нашата држава, кои имаат за цел промоција неприфатливи работи, преку еден или двајца политички ликови, се вели во соопштението од Владата кое МИА го објавува интегрално.
„Ниски страсти и организирана кампања која овој период е забележлива. Ние сме зафатени со реконструкцијата и го користат слободниот простор, еден, двајца политички ликови во државава да се обидат да промовираат нешто кое никој не може да го прифати. Ова е еден поширок обид за влијание тука. Прилично искусен човек дипломат, на еден наш заеднички разговор многу одамна, пред 7-8 години на почетоците мои како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, ми рече ако некогаш помислиш дека работите во политиката се случиле случајно, верувај не е така, не си во право, затоа што ти само не си бил информиран тоа што некој го планирал. Така што јас многу малку верувам во случајност во политиката“, вели премиерот Мицкоски.
Во однос на спорот, премиерот Мицкоски посочи дека ако за нас важи правилото договорот се почитува треба и за нив да важи, но источниот сосед не сака да ги спроведе своите обврски и да ги спроведе пресудите на Судот за човекови права во Стразбур за да не дадат легитимитет на припадниците на македонската заедница во Бугарија.
„Нашиот источен сосед има преземено обврски да ги почитува човековите права, ратификувал резолуција, што значи треба да ги обезбеди човековите права на македонската заедница така што овие пресуди од Судот за човекови права од Стразбур ќе ги имплементира. Со други зборови ќе им дозволи на припадниците на македонската заедница да се организираат, културно, социолошки, општествено. Тие тоа не го прават, затоа што таа живковистичка политика која трае со децении, негаторска кон македонскиот идентитет им внесува страв во коски, бидејќи на тој начин тоа здружение ќе има право да има свој претставник во Министерскиот совет за малцинства и ќе се легитимира и идентификува, тоа им е најголемиот проблем“, потенцираше премиерот Мицкоски.
Премиерот Мицкоски воедно посочи дека бугарските политичари не се откажуваат од Протоколите 1 и 2, каде се охрабрува работата на историската комисија до влезот на Македонија во Европската Унија, а воедно потсети на говорот на сегашниот бугарски премиер од 2019 година во Санкт Петербург каде тој си ги присвојува Кирил и Методиј и кажува дека вечно ќе ја слават Санстефанска Бугарија.
„Во политиката мора стратешки да ги гледате работите пред да ставите потпис. Кога ќе го ставите потписот претходно мора да имате пред-текст на што ставате потпис и да антиципирате можни предизвици. Кога ќе ни каже некој да го смениме Уставот, добро, но што потоа, затоа што оваа трка немаме намера да ја почнеме, имаме намера да ја завршиме. Нашата цел како влада е со мудрост, тактика, стратегија да се обидеме да го исправиме тоа кое е погрешно направено“, дециден е премиерот Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Ким надгледуваше тестирање на оружје
-

Уапсен кочанчанец - возел без возачка дозвола и при преглед на возилото пронајдена е брендирана роба
-

Се зголемува бројот на жртви од земјотресите во Венецуела
-

Мицкоски: Зад провокациите станува збор за организирана бугарска пропаганда во нашата држава
-

СП 2026: Еквадор ја совлада Германија
-

СП 2026: Холандија со победа над Тунис го потврди првото место во групата
-

Најмалку 188 жртви од двата земјотреса во Венецуела, над 40.000 лица се исчезнати
-

Тошковски на официјалното затворање на Регионалниот специјализиран квалификациски курс за К9 единици
