Македонија
28. August 2026 - 18:59

ЦУК: Осум активни пожари, три под контрола

Во државава активни се осум пожари,а три се под контрола од вкупно 20 регистрирани на отворен простор заклучно со 18 часот - информира вечерва Центарот за управување со кризи. 

Во село Копаница во општина Сарај гори ниска вегетација, а во гостиварското село Трново и во селата Битово, Заград и Страјане во општина Македонски Брод зафатени се нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат.  Пожари има и над село Нежилово, во Чашка, кај местото викано Сватови (ниска вегетација и единечни дрва), во село Копанце во општина Јегуновце (мешана шума), над касарната во Прилеп (дива депонија и ниска вегетација), кај старите гробишта во Прилеп (ниска вегетација) кај охридските села Велмеј и Брежани (ѓубре и ниска вегетација), како и во прилепското село Црнилиште (ниска вегетација).

Под контрола се пожарите на депонија во Делчево и во село Црквенец, каде гори ниска вегетација,  како и кај селата Моране, Вртекица  и Рамни Габер во општина Студеничани и кракот кон село Палиград, над селата Вражале и Тисовица во општина Зелениково, каде гори мешана шума).

МИА