Пратениците не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот Тошковски
Трета неуспешна интерпелација за министерот за внатрешни работи Тошковски. 58 пратеници гласаа против, додека 19 пратеници гласаа за оваа интерпелација, недоволно за министерот Тошковски да си замине од функцијата.
Залоупотреби на функцијата, партиски вработувања, убиства, фемициди, непостапувањето по семејно насилство, случајот за Артан Груби се дел од причините на Левица за да ја поднесат интерпелацијата за Тошковски. Со обвинувања за незавршените истраги за криминал и корупција, пропаднатиот случај за мазутот се надоврзаа и од опозициската СДСМ на адреса на министерот.
Тошковски, смета дека ова е политички мотивиран обид да се отргне вниманието од расчистениот криминал, корупцијата и неказнивоста која постоела изминатите години. Се осврна на резултатите кои ги направило министерството споредбено со изминатите две децении.
Ова е трета рекордна интерпелација за министерот Тошковски во рок од две години. Сите три беа неуспешни со оглед на тоа што ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го има мнозинството во Парламентот.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
