Амандманската расправа за правична застапеност ги судри албанските партии
Амандманската расправа за законот за правична застапеност ги скара пратениците од албанските партии и од власта и од опозицијата. Поднесени се 31 амандман но ниту еден досега не е прифатен од предлагачот – владата.
Од ДУИ испратија порака дека правичната застапеност е обврска од охридскиот рамковен договор. И порачаа на владата дека историјата ке го осуди вакумот што го направи државата по укинувањето на балансерот. Бараат поставување на јасна етничка квота и на државно и на централно ниво
Од ВРЕДИ со контра обвинувања , наместо продуктивни амандмани ДУИ само сака да го блокира законското решение.
Правичната застапеност стана битка на две партии. Еднаквоста не е збор што убаво звучи, туку обврска, вели Битиќи од СДСМ.
И на јавната расправа во парламентот, дел од експертите сметаа дека ова решение е подобро од укинатиот балансер, за дел пак има сериозни недостатоци кои не ги исполнува вредностите од Охридскиот договор.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
