„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
Културата може да го направи она што често им изгледа тешко на политиката и општеството – да ги обедини луѓето околу нешто поголемо од нивните разлики, напиша маестро Најден Тодоров по величенствената изведба на едно од нејпрепознатливите дела од 20 век, Кармина Бурана која се изведе синоќа во Скопје под неговата диригентска палка.
Балканите се регион со долга меморија и сложена историја. Токму затоа секој гест на соработка има посебна вредност. Кога музичари од три соседни држави свират заедно, тие не само што изведуваат музичко дело. Тие покажуваат што е можно кога довербата ќе го замени сомнежот, а почитта – предрасудите.
А дека културата е мост кои ги надминува разликите се покажа и на дело, со илјадниците присутни синоќа во Градскиот парк, меѓу кои и претседателката на државата Силјановска Давкова, владините министри кои дојдоа да ја проследат изведбата на делото од германскиот композитор Карл Орф, со над 200 изведувачи, музичари од Македонската филхармонија, Софиска филхармонија и Државниот симфониски оркестар на Солун.
Додека последните тонови се креваа од ѕвездите на сцената кон оние на небото, останаа восхитот, гордоста и чувството дека бевме дел од нешто навистина ретко и благородно „Кармина Бурана“ е потврда дека уметноста останува еден од најцврстите меѓучовечки мостови, возвишувајќи го духот над секојдневието и претворајќи ја убавината, макар за миг, во вечност, напиша на социјалните мрежи претседателката Силјановска Давкова.
Од ВРЕДИ пак го пофалија и нивниот директор на Филхармонија, кој успешно го реализирал настанот.
Под раководство на Мустафа Имери, Филхармонијата покажа дека кога на институциите им се дава визија, професионализам и посветеност, тие можат да создаваат настани што ги надминуваат вообичаените културни рамки и стануваат гордост за сите граѓани, напишаа од партијата.
Кармина Бурана го претвори Скопје во сцена на голема регионална културна приказна, ги спои музичарите од Македонија, Бугарија и Грција во изведба на маестрално дело, се коментрите на социјалните мрежи од граѓани кои што присуствуваа на изведбата.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
