Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
Кога културата го прави она што политиката не го може. Додека дипломатите со години кршат копја на политичката маса, а евроинтеграциите на регионот се заглавени во лавиринтите на уставите, ветата и историските спорови, Балканот вечерва покажа дека има и друг јазик. Јазик кој не бара амандмани, туку бара синергија.
Под отворено небо во скопскиот Градски парк, повеќе од 200 музичари од Македонија, Бугарија и Грција ќе се обединат во една заедничка мисија, да го изведат ремек-делото на Карл Орф, Кармина Бурана.Врвните уметници од трите земји вечерва докажуваат дека културата е чекор пред политиката.
Како солисти ќе настапат македонската сопранистка со светска кариера Ана Дурловски, грчкиот тенор Николас Спанос и бугарскиот баритон Иво Јорданов.
Иницијативата за овој проект доаѓа токму од Бугарија, од маестро Најден Тодоров, кој успеа да го заокружи овој регионален триаголник по успешните концерти во Софија и Солун.
Концертот ќе биде бесплатен за сите, министерот за култура го најави како едно од најзначајните дела во светот кое ќе се изведува вечерва во срцето на Скопје почнувајќи од 21 часот.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
