САД и Иран постигнаа договор за прекин на војната и отворање на Ормутскиот теснец
САД и Иран постигнаа договор за крај на војната и отворањето на Ормутскиот теснец.Ќе биде потпишан во петок во Швајцарија, по што ќе биде објавен и текстот.
Честитки до сите!, напиша Трамп на социјалните мрежи. .Целосно го одобрувам отворањето на Ормутскиот теснец без наплата на такси и наредувам итно укинување на американската поморска блокада. Бродови на светот стартувајте ги моторите, нека тече нафтата, напиша Трамп.
Објавата доаѓа откако пакистанскиот премиер Шариф изјави дека е постигнат договор и повика на итно и трајно прекинување на воените операции на сите фронтови, вклучително и во Либан.. По речиси 4 месечна војна, договорот е историски чекор, кој треба да го нормализира поморскиот сообраќај и енергетскиот пазар .
- „Со бесконечната благодат и милост на Семоќниот Аллах, денес светот помина низ историска пресвртница на мирот. По темната ноќ на војната, сонцето на мирот изгреа, фала му на Бога, и по три месеци и 16 дена огромни тестови, фала му на Бога, Иран и Соединетите Американски Држави објавија моментален и траен крај на воените операции на сите фронтови, вклучувајќи го и Либан.“
Иранските медиуми тврдат дека во последен момент Техеран успеал да вметне одредби за наплата за премин низ Ормутскиот теснец, а прашањето за нуклеарната програма ќе биде оставено да се решава подоцна.
Иранците се задоволни од постигнувње на договор, но се скептици дека истиот ќе се почитува.
Израел пак е незадоволен. Велат дека биле известени, но не и консултирани за договорот . Според нив Трамп сака да ја заврши оваа непопуларна и скапа војна под притосок на јавното мислење во САД и пред изборите за Конгрес.
- „Што се однесува до договорот, тоа е ужас, ужас, ужас, доста ни е. Живееме овде во пекол, знаете ли што е пекол?“
„Каков договор, тоа е договор? Не спиеме ни ноќе ни преку ден. Каков договор може да биде тоа? Вчера го паркирав автомобилот и се симнав низ скалите и одеднаш се слушна тревога (за дојдовни проектили). Бумови. Децата го напуштија ова место. Нема што да се прави тука, само постарите остануваат тука бидејќи сме навикнати на тоа.“
Сепак, Европа се надевам дека договорот ќе се почитува и глобалната економија ќе се стабилизира.
„Договорот - а тоа беше вашето прашање - може да го отвори патот за закрепнување на глобалната економија и стабилизација на регионот. Но, во овој контекст, секако мора да се разјасни дека задачата сега е да се спроведе она што е договорено со решителност. Ормутскиот теснец мора да се држи отворен трајно и без ограничување на слободниот бродски сообраќај. А понатамошните преговори мора да обезбедат Иран да ја заврши својата воена нуклеарна програма на начин што ќе биде потврден.“
Постигнатиот договор го поздрави и шефот на Обединетите нации за човекови права, Волкер Турк., како и францускиот претседател Макрон,кој изјави деак заедно со Британија се пдготвени да направат се договорит да стане реазлнот,а Ормутскиот теснец да остане отворен.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
