Свет
13. јуни 2026 - 16:46

На југот на Холандија 200.000 жители предупредени да ја зовриваат водата поради ешерихија коли

Властите во јужна Холандија издадоа тридневно предупредување до околу 200.000 жители на кои им е наложено да ја зовриваат водата откако бактеријата ешерихија коли е откриена во нивната вода за пиење, објавија денеска локалните медиуми.

Предупредување е издадено до жителите на Дордрехт, Цвајндрехт и Хендрик-Идо-Амбахт, што предизвика недостиг на флаширана вода во супермаркетите, објави денес „NL Times“.

Службениците изјавија дека целата вода од чешмите мора да врие три минути пред да се користи за пиење, готвење или миење заби.

Оваа мерка има за цел да ги елиминира сите бактерии што можеби влегле во водоводниот систем преку дистрибутивната мрежа.

 

МИА