13-годишно дете пренесено во болница со полесни изгореници откако избувнал пожар во стан во Центар
Тринаесетгодишно дете е пренесено во болница со полесни изгореници, по пожарот што денеска околу пладне избувна во стан во строгиот центар на Скопје.
Настанот официјално го потврдија и од Министерството за внатрешни работи.
„Денеска (27.05.2026) во 12:38 часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан во зграда на ул. „Христо Смирненски“ во Скопје настанал пожар. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е изгаснат, а од пожарот со повреди се здобил 13-годишник, кој бил во станот, а со возило на Итна медицинска помош е пренесен во болницата „Св.Наум Охридски“ за укажување на помош, соопштуваат од МВР за Сител ТВ.
Според првичните информации пожарот избувнал во стан каде тринаесетгодишното дете било оставено само дома. Додека готвело, случајно се запалиле кујнска крпа или сунѓер. Во обид да го изгаси огнот и да спречи поголема штета, детето ги земало запалените предмети и ги изнесло на терасата.
Меѓутоа, таму пламенот веднаш ги зафатил пружените алишта, по што се развил густ и голем чад кој ги вознемирил станарите во околните згради. Благодарение на брзата реакција, детето успеало навреме да излезе надвор од објектот.
Во несреќата, малолетникот се здобил со помали изгореници кои не се опасни по живот, но веднаш со возило на Итната медицинска помош е пренесен на дополнителен преглед во Градската општа болница во Скопјe. По направените преврски пуштено е дома.
Врз пожарот интернирале седум пожарникари, а истиот веќе е целосно локализиран. Зафатени биле балконот и едната просторија. Крим техника ќе ги утврдува причините за пожарот.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
