Љутков од Рим: Чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј е духовен мост и светилник што со векови го чува пламенот на словото

Со концерт на камерниот ансамбл „Консонанс“, кој вчеравечер се одржа во престижниот амбиент на „Хорти Салустијани“, свечено беше заокружено годинашното чествување на сесловенските просветители во Рим, во рамки на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Св. Кирил“.
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој е дел од државно-црковната делегација, во своето обраќање истакна дека делото на светите браќа Кирил и Методиј претставува траен духовен и цивилизациски темел на словенската писменост, култура и идентитет.
- Нашата земја е духовен мост и светилник што со векови го чува пламенот на словото - порача Љутков, нагласувајќи дека македонското духовно и културно наследство продолжува да живее преку јазикот, уметноста и традицијата.
Тој посочи дека Рим, како град во кој се вкрстуваат цивилизации и духовни традиции, претставува симболично место за оддавање почит на сесловенските просветители, чие дело и денес обединува народи преку вредностите на словото, верата и културата.
Осврнувајќи се на значењето на уметноста, Љутков ја истакна моќта на музиката како универзален јазик што ги надминува границите и ги поврзува луѓето преку емоција и духовност. Според него, ансамблот „Консонанс“ преку својот настап испрати силна порака за културниот континуитет и богатството на македонската традиција.
Чествувањето на Св. Кирил во Рим, државно-црковната делегација, предводена од претседателот на Собранието Африм Гаши, го започна со аудиенција кај папата Лав XIV, како и со средба со кардиналот Пјетро Паролин, државен секретар на Светиот Престол.
Во рамки на програмата, во базиликата „Сан Клементе“ беше одржан молебен на гробот на Св. Кирил, а делегацијата ја посети и папската базилика „Санта Марија Маџоре“, каде што беше положен венец на спомен-плочата испишана на македонски јазик.
Ново на Сител
-

Општина Куманово ги повика граѓаните да пријават штети од невремето
-

Пирло: Секогаш сум дејствувал во целосна согласност со условите на договорите што ги потпишав
-

Турција испраќа авиони Ф-16 во Естонија за заштита на воздушниот простор над Балтикот
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Две лица загинаа во вооружен инцидент во Сиетл
-

Гостивар денеска треба да добие технички исправна вода
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Зеленски одобри план за за повеќе операции со долг дострел во Русија
