Протест на вработените во секторот игри на среќа - ако се донесе законот, ќе останеме на улица
Вработените во секторот игри на среќа излегоа на предупредувачки протест. Револтирани што Владата го поднесе новиот предлог закон, кој предвидува дислокација на обложувалните на најмалку 500 метри од школите, велат дека сите легални објекти ќе стават клуч на врата, а 10 илајди вработени ќе останат на улица.
- Ако Владата итно не најде решение за нашите работни места, ќе излеземе на масовни протсети низ државата. Чесно го вадиме нашиот леб, овој предлог закон удива врз реални човечки судбини. Сите ние имаме кредити, имаме семејства, изјави Стеван Крстевски, Здружение Сакам да работам
Вработените се револтирани што никој не ги повикал и не ги слушнал нивните аргументи. Ако Собраните го донесе овој закон- наместо легални објекти кои редовно исплаќаат плати и давачки кон државата, велат дека во подруми и гаражи ќе се организираат илегални игри на среќа.
- Ако законот се изгласа ќе биде социјална бомба, каде ние ќе работиме, ако овој сектор престане да постои? Пораката е јасна, овие протести се демократска битка за вистината. Не сме ние заканата за лесен таргет на игрите на црно, во подруми, изјави Оливера Костовска, вработена во сектор игри на среќа, Здружение Сакам да работам
Во предлог законот се забранува и рекламирањето на игрите на среќа, затоа што според власта, со тоа се поттикнува граѓаните да учествуваат во нив, за да имаат подобар финансиски живот. Прелог законот вчера стигна до Собранието, но се уште не е ставен на дневен ред. Ако пратениците го донесат, вработените во овој сектор велат дека ќе мора да иселат, барајќи си егзистенција во друга држава. Најавуваат и масовни протести низ Македонија.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
